Вести

Главниот одбор на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) на седницата одржана на 12.05.2015 година ја верификува одлуката на Извршниот одбор, Партијата формално, да се придружи и на рамноправна основа да отпочне усогласено политичко делување со другите политички партии во коалицијата „ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“ со цел разрешување на државно-политичката и институционална криза во Република Македонија.

Во оваа сложена политичка и институционална криза во Република Македонија, Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) ги отфрла како неприфатливи сите иницијативи изнесени во јавноста за донесување закон за амнестија за инволвираните субјекти во политичката криза во државата.

ПОПГМ е против секакво амнестирање на тешките кршења на Уставот и Законите во Република Македонија. Во колку тоа се дозволи преку донесување ваков закон тоа ке значи воведување на нови правила противни на општите норми на кои почиваат демократските општества и крај на правната држава.

ПОПГМ е против секакво амнестирање на криминалот, грабежот, тешките кршења на човековите права и слободи како и грубите нерегуларности во изборниот процес. Во таа смисла, ПОПГМ се залага и ке се залага за конфискација на нелегално стекнатиот имот и за донесување закон за незастарување на кривичните дела сторени при приватизацијата и трансформацијата на на државниот имот стекнат од поранешниот систем.

ПОПГМ цени дека моменталната криза во Република Македонија може да се реши со сериозно вклучување на претставници на меѓународната заедница и тоа:

- Првин со политичка разрешница;
- Формирање на преодна влада во која не смее да има политички и професионално компромитирани личности;
- Разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија;
- Преодната влада да добие мандат за правно разрешување на кризата;
- На крајот прочистување на избирачкиот список и стварање на услови за фер и демократски избори.

ПОПГМ уште еднаш потенцира дека се противи на донесување секаков закон со кој ке се амнестираат тешките облици на организиран криминал. Наместо тоа да се донесе Закон за конфискација на незаконски стекнатиот имот и Закон за незастарување на криминалната приватизација во Република Македонија

Име на документГолемина
soopshtenie.pdf76.84 KB